пљусок

Обилни, краткотрајни врнежи, кои започнуваат и завршуваат нагло, а се одликуваат и со брзи промени на својата интензивност. Пљусоците ги создаваат конвективни облаци и можат да бидат од дожд, снег или град. Големината на капките, снегулките или зрната град обично е поголема од онаа што ја оставаат другите типови врнежи.

Поврзани поими: аеросол(и)