памперо

Студен, интензивен ветар од југ и југозапад, налетен и прилично непријатен, што дува на пампасите на Аргентина и Уругвај. Поврзан е со системите на низок притисок што ја преминуваат Патагонија, на својот вообичаен пат од запад кон исток. Памперото навлегува со поминувањето на студениот фронт на еден од тие системи на низок притисок и е придружен со грмотевични пљускови, налети на ветер и нагол и значаен пад на температурата.