планинска клима

Климатски карактеристики типични за планинските предели, кои се должат на висинскиот фактор. Во климатската класификација на Кепен таа е категоризирана како високопланинска клима, со ознака EH. Како таква се смета климата на места што се наоѓаат над 2000 метри надморска височина. Се карактеризира со долги, студени зими, во кои температурата често е под 0°C, и кратки, свежи лета. Се издвојува и по тоа што има сопствен режим на ветрови, низок атмосферски притисок, орографски врнежи и поголемо сончево зрачење отколку на пониските места, каде што стигнува послабо.