Фуџивара ефект
Интеракцијата меѓу два тропски циклони што настанува кога растојанието меѓу нив е помало од околу 1500 километри. Во такви околности, двата системи почнуваат да исцртуваат еден вид танц, јасно видлив во низите сателитски снимки. Ако двата тропски циклони се со споредлива големина, почнуваат да орбитираат околу средната точка на имагинарната линија што ги поврзува нивните центри. Ако еден од циклоните е значително поголем од другиот, вториот почнува да орбитира околу првиот и на крајот биде апсорбиран од него, при што се формира единствен систем. Појавата го носи тоа име во чест на јапонскиот метеоролог Сакухеи Фуџивара (1884-1950), кој ја опишал на почетокот на 1920-тите, откако ја забележал во експерименти што ги спроведувал со два водени вртлози.