Крајбрежен Ел Нињо

Појава што обично му претходи на Ел Нињо и се состои од аномално затоплување на површинските води на екваторијалниот Пацифик во близина на Јужна Америка, што предизвикува промена и на океанските струи и на метеоролошките шеми во Перу, Еквадор и северен Чиле. Нејзиниот опфат е регионален, за разлика од Ел Нињо или Ла Ниња, кои имаат глобално влијание.