коалесценција

Во микрофизиката на облаците, ова е процесот со кој се формира капка (или капченце) течна вода преку здружување на две или повеќе капки, откако ќе се судрат една со друга. Механизмот на судирање и коалесценција е еден од оние што доведуваат до формирање на облачни капки и дождовни капки во атмосферата.