Виулица

Снег подигнат од земјата на мала висина од силен ветер со налети. Нанесениот снег обично се поистоветува со виулица, при која, освен што големи количини снег се подигаат од земјата, паѓа и силен снег, а снегулките ги носи силниот преовладувачки ветер, што речиси целосно ја намалува видливоста. Терминот се користи и кога, наместо снег, ветерот носи прашина или песок.