надморска висина (алтитуда)

Вертикално растојание меѓу атмосферско ниво, точка или предмет сметан како таков, и средното морско ниво. Овој поим често се меша со височината или со котата на некое место. Можеме да зборуваме за алтитудата на која лета авион или на која се наоѓа слој облаци, но не е точно да се прави тоа за алтитудата на планина или зграда, во кој случај мора да се однесуваме на нивната надморска висина (кота) и височина, соодветно.