Орографски дожд
Дожд поврзан со орографски облак, што се формира на наветрената падина на една планина како резултат на принудното искачување на влажниот воздух по таа падина. Откако ќе се достигне нивото на кондензација, се формира споменатиот орографски облак и во него се создава дожд.