Бабино лето / необично топол период
Период од неколку дена што се јавува наесен или напролет на умерени географски широчини во двете полутопки, во кој се бележат температури типични за лето. Во народот, неколку од нив се познати по името на светецот чиј празник приближно се поклопува со датумот на кој тие „мали лета“ се појавуваат секоја година. Народните изреки за времето се однесуваат на нив.