ниво на кондензација

Висината на која во воздухот се достигнуваат услови на заситеност, над која се јавува кондензација на водената пареа содржана во него. Основите на облаците се наоѓаат на ова атмосферско ниво, кое варира и во просторот и во времето. Во вертикалниот столб над одредено место може истовремено да постојат повеќе нивоа на кондензација.