облак на врв
Разговорен начин на означување на облакот што стои на планински врв. Во некои случаи одговара на капест облак, со неговата карактеристична форма на шапка, а во други може да биде облачниот ѕид (фенски ѕид) што излегува од наветрената страна над горниот дел на планините, обвивајќи ги врвовите.