Анероиден барометар

Барометар што ги мери промените на атмосферскиот притисок врз основа на деформациите што тие промени ги предизвикуваат во еластичните, тенки ѕидови на херметички затворена метална капсула, во која е создадена делумна празнина. Малите собирања или проширувања на таканаречената анероидна капсула придвижуваат механички лост што ги засилува тие движења и ги пренесува на стрелка, која ја покажува вредноста на притисокот на градуирана скала. Барометрите од овој тип обично имаат и втора стрелка, која се придвижува рачно, наменета да ја означи вредноста на притисокот регистрирана во блиска опсерваторија. Со споредување на таа референтна вредност со оние што ги покажува подвижната стрелка со тек на времето, во секој момент може да се знае дали атмосферскиот притисок расте или паѓа. Овој барометар го измислил францускиот физичар Лисиен Види (1805-1866) во 1844 година.