Претежно облачно небо
Израз со кој вообичаено се означува небо на кое облаците се изобилни, понекогаш поистоветувано со облачно небо. Технички одговара на небо со облачност од 5 до 7 окти (од максималните 8 на кои метеоролозите-набљудувачи го делат небото за да ја проценат облачноста). Во авијатичарските метеоролошки извештаи се кодира како BKN ( broken ).