CAPE

Акроним од Convective Available Potencial Energy (конвективна расположлива потенцијална енергија). Теоретски индекс, пресметан од информациите добиени со радиосондажа, кој овозможува да се процени големината на конвекцијата одговорна за развојот на невремињата, во средина на атмосферска нестабилност. Се изразува во џули на килограм (J/kg). За вредности меѓу 1000 и 2000 J/kg, амбиенталните услови се оптимални за појава на невремена активност. Ако индексот CAPE надмине 5000 J/kg, невремињата што ќе се формираат ќе бидат многу интензивни, со веројатен град, значајна громовна активност и насилни придружни ветровни удари.

Поврзани поими: конвекција